About Me
- Macedonia
- Joined over 8 years ago
- information technology, technical documentation, electronics, automotive
- Trados Studio 2014, Trados 2011, Passolo, MemoQ, Wordfast
- ProZ.com
- PayPal, Skrill, Wire transfer
- Euro (EUR - €)
My Work
Sample Translation Tech/Engineering
Tech/Engineering Sample Translation
Source (English) | Target (Macedonian) |
---|---|
Relational database introduces the following enhancements to system security on the Windows® platform: | Со релационата база на податоци се воведуваат следниве подобрувања во системската безбедност на платформата Windows®: |
•Accepting additional special characters in user IDs and security mechanism group names (and consequently in authorization-names and authorization-ids) including &, - , and blank | •Прифаќање дополнителни специјални знаци во идентификацијата на корисниците и имињата на групите со безбедносен механизам (како и во имињата и идентификациите за овластување) вклучувајќи ги &, -, и празно место |
•Accepting security mechanism group names that are longer than eight characters such as ″Sales Representatives″ | •Прифаќање на имињата на групите со безбедносен механизам подолги од осум знаци, како што се „продажни агенти“ |
•Allowing two-part names on CONNECT and ATTACH that contain a Windows domain name and the userid to avoid the network traffic associated with looking up the user name in the trusted domain forest | •Дозволување имиња составени од два дела при CONNECT (поврзување) и ATTACH (прикачување) што содржат име на домен од Windows и корисничка идентификација за да се избегне мрежниот сообраќај за пребарување на корисничкото име во структурата на доверливи домени |
•Support for Active Directory domains has been enhanced. | •Подобрена поддршка за домените на активниот директориум. |
For example, implicit trusts between domains, domain local groups and nested global groups are supported. | На пример, поддржана е имплицитна доверба помеѓу домените, локалните групи на домените и вгнездените глобални групи. |
Support for Windows Local System account (LSA) is provided for both the various database services, as well as for applications that access them. | Обезбедена е поддршка за LSA (Windows Local System Account - локална системска сметка на Windows) за разните сервиси на базата на податоци, како и за апликациите што пристапуваат до нив. |
The database installation process allows database services to run under SYSTEM (local system account) as an alternative to running under a dedicated user account. | Процесот на инсталирање на базата на податоци овозможува сервисите на базата на податоци да работат во SYSTEM (локалната системска сметка) како алтернатива на работењето во наменска корисничка сметка. |
You can also perform the database installation itself from a process that is running under the context of the Local System account. | Исто така, самата инсталација на базата на податоци може да ја извршите со процес што е активен во контекстот на локалната системска сметка. |
This feature makes it easier to deploy database by avoiding, where appropriate, the complexities associated with handling of userids and passwords. | Оваа одлика го олеснува инсталирањето на базата на податоци, преку избегнување (каде што тоа е можно) на комплексностите при ракувањето со идентификации на корисници и лозинки. |
Another enhancement is the ability for database applications that are running in the context of the LSA to access and use the local database server. | Уште едно подобрување е способноста на апликациите на базата на податоци што работат во контекстот на LSA да го користат и да пристапуваат до серверот на локалната база на податоци. |
An access token is an object that describes the security context of a process or thread. | Токен за пристап е елемент што го опишува безбедносниот контекст на еден процес или подпроцес. |
The information in the token includes the identity and privileges of the user account associated with the process or thread. | Меѓу информациите содржани во токенот спаѓаат идентитетот и овластувањата на корисничката сметка поврзана со тој процес или подпроцес. |
When a user logs on, the system verifies the user’s password by comparing it with information stored in a security database. | Кога корисникот се најавува, системот ја проверува корисничката лозинка споредувајќи ја со информациите зачувани во безбедносна база на податоци. |
If the password is authenticated, the system produces an access token. | Ако лозинката е одобрена, системот генерира токен за пристап. |
Sample Translation Economics
Economics Sample Translation
Source (English) | Target (Macedonian) |
---|---|
With France and Germany leading the way, the economy in the 12 nations that use the Euro currency grew at its fastest quarterly rate since 2000, a development that is expected to fortify the resolve of the European Central Bank to raise interest rates again this year. | Најбрзата квартална стапка на економски раст од 2000 г. |
The gross domestic product of the nations grew 0.9 percent from April to June compared with the previous quarter, Eurostat, the statistics agency of the European Union, reported Monday. | Еуростат - Агенцијата за статистика на Европската унија, во понеделникот извести дека од април до јуни, бруто домашниот производ на земјите се зголемил за 0,9 проценти во однос на претходното тромесечје. |
Growth has recently mostly reflected strong exports, but the latest figure received a lift from business investment and consumers whose reluctance to spend has been the hallmark of the slow recovery. | До неодамна растот најмногу се должеше на големиот извоз, но последната бројка се зголеми како резултат на инвестициите во бизнис-секторот и незаинтересираноста за трошење на потрошувачите која го одбележа бавното закрепнување. |
The German economy, where households have been the most tightfisted, also grew 0.9 percent. | Економијата на Германија, во која домаќинствата беа „најстиснати“, исто така бележи раст од 0,9 проценти. |
“Domestic demand is doing its job, finally,” said Erik Nielsen, chief Europe economist with Goldman Sachs. | „Домашната побарувачка конечно си го прави своето“, изјави Ерик Нилсен, главен економист на „Голдмен Сач“ за Европа. |
“We finally have a little drive from something other than exports, which is good.” | „Добро е што конечно имаме мало придвижување од нешто што не е извоз. |
The data broadly confirmed figures released by various countries over much of the last week, most recently France on Friday. | Податоците во целост ги потврдија бројките што разни земји ги објавуваа во текот на речиси целата измината недела, заедно со последните објавени од Франција во петокот. |
Though overall growth is accelerating in the Euro region, it is uneven, with France growing at a rate of 1.1 percent to 1.2 percent in the quarter, and Italy lagging at 0.5 percent. | Иако севкупниот раст се забрзува во евро-регионот, тој не е еднаков, со оглед на тоа што Италија заостанува со 0,5 проценти зад Франција која во истото тромесечје има стапка на економски раст од 1,1 до 1,2 отсто. |
The precise details of the growth pattern are not yet available, but economists said that data on retail sales in Germany points toward strong consumption, as does a fall in unemployment. | Сè уште нема прецизни податоци околу моделот на раст, но економистите велат дека податоците за малопродажбата во Германија и намалувањето на невработеноста укажуваат на голема потрошувачка. |
Business confidence surveys, though they have come off their peaks of earlier this year, are still in line with strong growth. | Резултатите од истражувањата за довербата во бизнисите, иако не се највисоките годинава, сè уште соодветствуваат со силниот развој. |
“The situation on the labor market has noticeably improved,” said Michael Glos, the German economics minister. | „Состојбата на пазарот на трудот значително се подобри“, изјави Мајкл Глос, германскиот министер за економија. |
“Therefore, the prospects for the year are exceptionally positive.” | „Затоа, предвидувањата за оваа година се исклучително позитивни“. |
The European Commission on Monday raised its estimate for growth in the third quarter to 0.5 percent to 0.9 percent, slightly higher than it projected in July. | Во понеделникот, Европската комисија ја зголеми процената за развој во третото тромесечје од 0,5 на 0,9 проценти, за нијанса повеќе од предвиденото во јули. |
But the commission cut its forecast to a range of 0.4 percent to 0.9 percent for the fourth quarter, a period when many economists said they expected the softening economy in the United States to drag on European growth. | Меѓутоа, предвидувањата на Комисијата се намалија на опсег од 0,4 до 0,9 проценти за четвртото тромесечје, период во кој според очекувањата на голем број економисти ослабената економија на САД ќе го забави економскиот раст на Европа. |
Sample Translation Tech/Engineering
Tech/Engineering Sample Translation
Source (English) | Target (Macedonian) |
---|---|
Your terminal’s GPS Location feature uses information from Global Positioning System (GPS) satellites orbiting the Earth to determine the approximate geographical location of your terminal. | Функцијата за лоцирање преку GPS на вашиот терминал користи информации од сателити на глобалниот систем за позиционирање (GPS) што орбитираат околу Земјата, за да ја одреди приближната географска локација на терминалот. |
The availability and accuracy of this location information (and the amount of time that it takes to calculate it) will vary depending on the environment in which you are using the terminal. | Достапноста и прецизноста на овие информации за локацијата (и времето потребно за нејзино пресметување) ќе варираат во зависност од средината во којашто го користите терминалот. |
The terminal can be configured to display location information on the terminal’s display or to send it over the air to your dispatcher where it can be displayed in the control centre (Please check with your Service Provider on the configuration of your terminal). | Терминалот може да се конфигурира да прикажува информации за локацијата на екранот на терминалот или да ги емитува до вашиот диспечер каде што може да се прикажат во контролниот центар (проверете ја конфигурацијата на вашиот терминал кај давателот на услуги). |
Sample Translation Marketing
Marketing Sample Translation
Source (English) | Target (Macedonian) |
---|---|
Capture and process documents on the move with Canon’s new ultra-compact portable scanner | Новиот ултра-компактен преносен скенер на Canon ви овозможува да скенирате и обработувате документи во движење |
The world-leader in imaging solutions, has launched a new compact, light-weight USB-powered scanner for mobile workers enabling productive document capture and processing of information on the go. | Светскиот лидер во решенија за обработка на слики промовираше нов, компактен, лесен скенер со USB-напојување, наменет за работници во движење, што овозможува продуктивно скенирање документи и обработка на информациите во движење. |
The imageFORMULA P-208’s attractive design and easy operation will also appeal to personal and home users for scanning photos and household bills. | Лесното ракување со imageFORMULA P-208 и неговиот атрактивен дизајн ќе ги привлечат и некомерцијалните корисници и домашните корисници кои би го користеле за скенирање фотографии и сметки за домаќинството. |
Ultra-slim and weighing only 600g, the new scanner features an Automatic Document Feeder that increases users’ productivity with the ability to scan up to ten sheets at once. | Новиот скенер е извонредно тенок и тежи само 600 г, со Автоматски внесувач за документи што ја зголемува продуктивноста на корисниците, овозможувајќи им да скенираат до десет листови одеднаш. |
It also incorporates two image sensors that capture both sides of a document in a single pass offering high-speed duplex scanning of up to 16ipm, using a single USB connection. | Скенерот има и два сензора за слики што ги снимаат двете страни на документот со само едно поминување, нудејќи висока брзина на двострано скенирање (до 16 инчи во минута), користејќи само една USB-врска. |
Sample Translation Marketing
Marketing Sample Translation
Source (English) | Target (Macedonian) |
---|---|
We all live and work in a new era of extreme business speed with heightened customer, partner, and employee expectations. | Живееме и работиме во нова ера на екстремна брзина на бизнисот и зголемени очекувања на клиентите, партнерите и вработените. |
To better compete and grow, businesses demand more innovation, speed, and flexibility from their data centers. | За да бидат поконкурентни и за да растат, компаниите бараат поголема брзина, иновативност и флексибилност од нивните податочни центри. |
This puts the pressure squarely on IT to deliver applications and new services quickly, while also paving the way for future innovation. | Тоа целосно го наметнува притисокот врз секторот за информатичка технологија (ИТ), брзо да испорачува апликации и нови услуги, а истовремено го отвора и патот за иновации во иднина. |
Unfortunately, aging infrastructure and facilities are limiting business agility and draining IT budgets. | За жал, застарената инфраструктура и капацитети ја ограничуваат агилноста на компаниите и ги исцрпуваат буџетите за ИТ. |
Inflexible, monolithic, hard-wired, and under-utilized systems are too complex, costly to maintain, and too slow to respond to today's business demands — a phenomena known as IT sprawl. | Нефлексибилните, монолитни и недоволно искористени системи со жици и кабли се премногу сложени, скапи за одржување, но и премногу бавни за да одговорат на потребите на денешните компании - феномен познат како неконтролирано распространување на ИТ. |
That is why infrastructure convergence has evolved as the optimal approach to overcome IT sprawl while also establishing the ideal foundation for both traditional and cloud solutions. | Токму затоа, за надминување на неконтролираното распространување на ИТ се разви оптималниот пристап наречен конвергенција на инфраструктурата, што истовремено ја создава идеалната основа за традиционални решенија, но и за решенија во облакот. |
This is especially important for mission-critical environments due to the proliferation of technology that has created a world where everything is mobile, connected, interactive, immediate, and fluid — requiring IT to react to the speed of the business and stay up and running like never seen before. | Ова е исклучително важно за околините од кои зависат мисиите на компаниите, со оглед на напредувањето на технологијата што создаде свет во којшто сè е мобилно, поврзано, интерактивно, инстантно и променливо - барајќи од ИТ да се приспособи на брзината на компаниите и да биде активна како никогаш досега. |
Sample Translation Marketing
Marketing Sample Translation
Source (French) | Target (Macedonian) |
---|---|
Nous serons à vos côtés ces prochains jours pour mieux vous guider. | Во наредните денови ќе бидеме со вас за да ве упатиме подобро. |
Laissez la musique faire le reste | Оставете музиката да го стори останатото |
Grâce à l'application Deezer téléchargeable gratuitement, votre musique vous suit partout. | Вашата музика ве следи насекаде со помош на апликацијата Deezer којашто можете да ја преземете бесплатно. |
Installez-la dès maintenant! | Инсталирајте ја веднаш! |
Bienvenue sur | Добре дојдовте |
Pour prendre en compte cet achat, lancez l'application Deezer et allez dans la rubrique 'Mes achats'. | За да се евидентира купувањето, стартувајте ја апликацијата Deezer и одете во делот „Мои купувања“. |
Actuellement, il vous reste %s crédit disponible sur votre Pass 3 Titres. | Во моментов ви преостанува %s кредит на вашата пропусница за 3 песни. |
Entrez vos informations personnelles | Внесете ги вашите лични информации |
Créez votre identifiant | Креирајте корисничко име |
Aucun paiment ne sera prelevé de votre carte. | Нема да се изврши наплата преку вашата картичка. |
Souscrire | Претплатете се |
Les conditions générales d'utilisation et de vente de %s. | Општи услови за користење и продажба на %s. |
Si vous ne possédez pas l'application Appworld, vous pouvez tenter de la télécharger en cliquant sur ce lien: | Ако ја немате апликацијата Appworld, можете да се обидете да ја преземете кликнувајќи на следнава врска: |
Jean-Sylvain, Pierre et Thibaut, rennais d’adoption, laissent aller leur inspiration dans l’ivresse de la (re)découverte d'une scène jadis reniée et depuis réhabilitée, le Post-punk, la new-wave et l’électro pop. | Жан-Силвен, Пјер и Тибо не се родени во Рен, но живеат и работат во овој град, препуштајќи ѝ се на нивната инспирација и опиеност од (повторното) откривање на една некогаш негирана, а потоа повторно оживеана сцена; пост-панк, њу-вејв и електро-поп. |
Ils triturent, écrivent et raturent, reprennent et perfectionnent leurs morceaux synthétiques mais jamais toc. | Тие ги обработуваат, ги пишуваат и поправаат, ги употребуваат повторно и ги усовршуваат нивните музички парчиња што се синтетизирани, но никогаш плагијаторски. |
Ils rattrapent le temps perdu, ressuscitent une époque qu’ils n’ont jamais connue et sortent des placards des synthés bien plus âgés qu’eux. | Надоместуваат за изгубеното време, воскреснувајќи една епоха што отсекогаш им била непозната и од плакарите вадат синтисајзери многу постари од нив. |
Je souhaite voter pour %s sachant que mon vote ne sera pris en compte qu'une seule fois | Сакам да гласам за %s знаејќи дека мојот глас ќе се брои само еднаш |
Prix Adami Deezer de talents | Награда за таленти Adami Deezer |
Vous êtes un artiste ou un label ? | Вие сте изведувач или издавачка куќа? |
Découvrez comment mettre votre musique sur Deezer! | Дознајте како да ја поставите вашата музика на Deezer! |
Votre carte est sur le point d'expirer. | Вашата картичка е речиси истечена. |
Modifiez vos coordonnées bancaires dès aujourd'hui pour continuer à profiter de votre abonnement. | Сменете ги вашите банкарски податоци денес за да продолжите да уживате во претплатата. |
Inscrivez-vous gratuitement pour profiter de la musique en illimité! | Регистрирајте се бесплатно за неограничено музичко уживање! |
%1$s suit désormais votre activité musicale. | Вашата музичка активност сега ја следат %1$s. |
%s n'a pas encore de playlists. | %s сè уште нема плејлисти. |
Une playlist privée n'est pas accessible aux autres membres de Deezer. | Другите членови на Deezer немаат пристап до приватна плејлиста. |
Votre désassociation a bien été pris en compte. | Го евидентиравме вашето откажување на претплатата. |
Rechercher, écouter et partager la musique que vous aimez n'a jamais été aussi simple. | Пребарувањето, слушањето и споделувањето на музиката што ја сакате никогаш не било толку едноставно. |
Découvrez toutes les fonctionnalités de Deezer. | Откријте ги сите функции на Deezer. |
My Experience
Experience
12 yrs.
Education
- 2006 BA/BS at Faculty of Philology "Blaze Koneski", Ss. "Cyril and Methodius University" - Skopje, Macedonia
Macedonia
Unavailable Today
November 2024
Sun. | Mon. | Tues. | Wed. | Thurs. | Fri. | Sat. |
---|---|---|---|---|---|---|
27
|
28
|
29
|
30
|
31
|
1
|
2
|
3
|
4
|
5
|
6
|
7
|
8
|
9
|
10
|
11
|
12
|
13
|
14
|
15
|
16
|
17
|
18
|
19
|
20
|
21
|
22
|
23
|
24
|
25
|
26
|
27
|
28
|
29
|
30
|